абортира (св. и несв.)
Утрото ми кова шајки во очите. Птиците абортираат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во Виенската болница некои од хирурзите дел од своето работно време минувале правејќи ја таа од законот забранета, а сепак за некои луѓе дозволена дејност – таму абортирале ќерките и метресите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се вратив во реалноста и почувствував страв - девојките на моето време, кога немажени остануваа бремени, се самоубиваа за да го сочуваат семејството од срам; или отфрлени од семејствата заминуваа од дома и заработуваа како проститутки; или тајно абортираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Знаете госпоѓо! Должност ми е да ве предупредам... - Сакам да го абортирам! - откорна Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)